СТРЕС, ТРАУМА И ПОСТТРАУМАТСКО СТРЕСНО НАРУШУВАЊЕ (ПТСН)
Abstract
Во овој труд ќе се обидеме да опишеме интегративен модел во кој се поврзуваат стресот, траумата и посттрауматското нарушување на здравјето преку биолошки, психолошки и бихевиорални механизми на влијание. Секоја од овие појави има свои специфичности, но и заеднички карактеристики (извори,симптоми и последици) кои се поврзани со здравјето и функционирањето на лицето/индивидуата. Всушност, долготрајниот стрес и ненадејно доживување доведува до траума. По извесен период се јавуваат повторувачки доживувања на траума и се развива ПТСН клучен механизам преку кој долготрајниот стрес и траума водат до тешко нарушување на здравјето. Прегледот на литература на оваа тема емпириски истражувања, нашето долгогодишно искуство и истражувања во овие области покажа дека најголем број автори во своите истражувања се фокусираат претежно на една од овие теми најчесто на стресот. Помал број истражувања прават заеднички приказ на стресот и траумата. Не наидовме на истражувања кои во својот приказ ги обединуваат сите три теми, истакнувајќи ги елементите кои се заеднички како и специфичностите и разликите. Целта на трудот е да се обидеме низ интегративен пристап да го прикажеме заедничкото влијание на овие три појави врз здравјето и функционирањето на индивидуата. Најпрвин ќе ја опишиме секоја од овие појави со сите нејзини специфичности, а на крајот ќе се обидеме да ги интегрираме сознанијата за физиолошките и психолошки механизми за справување со стресот, траумата и посттрауматското стресно нарушување. На крајот иако тешко ќе се осврнеме и на превенцијата на појавите.