АУТИЗМОТ И МИТОХОНДРИЈАЛНАТА ДИСФУНКЦИЈА

Автори

  • Владимир Трајковски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

АУТИЗАМ, МИТОХОНДРИИ, МИТОХОНДРИЈАЛНА ДИСФУНКЦИЈА, ОКСИДАТИВЕН СТРЕС

Апстракт

Аутистичното нарушување може да биде поврзано со митохондријална дисфункција (МтД). Во многу случаи со аутизам постојат докази за митохондријална дисфункција без класични знаци поврзани со митохондријално заболување. Како и да е, рутинските метаболни испитувања и студиите за митохондријалната функција кои треба да ce направат за дијагноза на митохондријално заболување, ретко ce спроведуваат кај пациентите со аутизам и заради тоа хипотезата за етиолошката поврзаност помеѓу аутизмот и митохондријалната дисфункција не е вистински проценета.
МтД ce појавува почесто кај аутизмот и ce манифестира со помалку тешки знаци и симптоми. Изложеноста на средински токсини е веројатно етиологијата на МтД кај аутизмот. МтД дисфункцијата придонесува за бројноста во говорни дефицити, ненормален енергетски метаболизам, хронични гастроинтестинални проблеми, неправилности во оксидацијата на масните киселини и зголемување на оксидативниот стрес. МтД и стрес исто така можат дa го објаснат високиот однос мажи/жени што ce должи на зголемената чувствителност на мажите на овие дисфункции. Нутрициското додавање што го намалува оксидативниот стрес заедно со фактори што го подобруваат редуцираниот глутатион, како и хипербаричната кислородна терапија претставуваат помошни и рационални пристапи. Постои потреба од веродостојни лабораториски маркери за да ce откријат неправилностите во митохондријалната функција, што потоа ќе ги олесни понатамошните клинички иследувања во подгрупата на деца со аутизам.

Преземања

Објавено

2008-12-16

Како да се цитира

АУТИЗМОТ И МИТОХОНДРИЈАЛНАТА ДИСФУНКЦИЈА. (2008). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 61(1), 539-550. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)