ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА СЕМЕЈНИТЕ СТУДИИ КАКО ЗАСЕБНА АКАДЕМСКА ДИСЦИПЛИНА

Authors

  • Ирена Авировиќ Бундалевска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

DOI:

https://doi.org/10.37510/

Keywords:

Семејни студии, САД, научна дисциплина, научна дебата

Abstract

Овој труд има за цел да ја истражи еволуцијата на семејните студии како посебна академска дисциплина, со фокус на нејзината интердисциплинарна природа, теоретските предизвици со кои се соочува и институционалниот развој во САД. За разлика од класичните научни дисциплини со унифицирана парадигма
и јасен теоретски корен, семејните студии се формираат како резултат на дијалог меѓу повеќе научни области – социологија, психологија, антропологија, историја, демографија, родови студии и други сродни научни полиња. Оваа интердисциплинарност, иако ја збогатува аналитичката димензија на полето, истовремено води кон методолошка расцепканост и отсуство на кохерентна теоретска рамка. Трудот ги анализира двете страни на оваа дебата – критиките за теоретската зависност и поддршката за интердисциплинарна иновација – како клучни за разбирање на дисциплинарниот статус на семејните студии.
Истражувањето се базира на историско-аналитичкиот метод, преку кој се мапираат клучните институции, академските публикации и пресвртниците во развојот на полето, со особено внимание на општествените
и академските фактори кои влијаеле врз неговата институционализација. Посебен акцент е ставен на анализата на американскиот контекст, неговиот процес на институционализација и развој во различни фази. Истовремено се анализираат најзначајните истражувачки центри и академски списанија кои придонеле за воспоставување на семејните студии како легитимно научно поле. На тој начин, трудот нуди систематизиран преглед на процесот на консолидација на семејните студии како засебна дисциплина, оценувајќи ја нивната научна релевантност и потенцијалот за понатамошен развој.

Published

2025-12-16

How to Cite

ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА СЕМЕЈНИТЕ СТУДИИ КАКО ЗАСЕБНА АКАДЕМСКА ДИСЦИПЛИНА. (2025). Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 78(1), 609-622. https://doi.org/10.37510/

Most read articles by the same author(s)