КЛАСИЧНО ОБРАЗОВАНИЕ, КЛАСИЧНИ ЈАЗИЦИ, КЛАСИЧНИ СТУДИИ

Authors

  • Елена Џукеска , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

Keywords:

класично образование, класични јазици, класични студии

Abstract

Република Северна Македонија е земја со богато и уникатно културно-историско наследство од античкиот период и со традиција на изучување на класичните јазици и класичната култура на сите нивоа на образование стара преку 75 години. Па сепак, евидентно е дека повеќе години наназад континуирано опаѓа интересот за запишување на студенти на Институтот за класични студии.

Различни фактори може да имаат влијание на ваквата состојба. Овој труд поконкретно ги презентира и анализира податоците од спроведена анкета со ученици од четврта година од средните училишта ₋ гимназиска струка во Република Северна Македонија, со којашто се истражува поврзаноста на интересот за студирање класична филологија со статусот на класичните јазици во средното образование, степенот на информираност и перцепцијата на учениците од средните училишта за класичните јазици и класичните студии, како и нивната мотивација при изборот на студиска програма општо земено.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека информираноста на учениците во средните училишта, нивната перцепција за важноста на класичното образование и нивната мотивација за студирање се поврзани со посетувањето настава по класичен јазик и дека постои простор во иднина овие прашања да се адресираат директно со креирање соодветни политики од страна на Институтот за класични студии.

Downloads

Published

2021-12-16

How to Cite

КЛАСИЧНО ОБРАЗОВАНИЕ, КЛАСИЧНИ ЈАЗИЦИ, КЛАСИЧНИ СТУДИИ. (2021). Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 74(1), 195-208. https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2324

Most read articles by the same author(s)