РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

  • Боби Бадаревски

Abstract

Во последниве години, вештачката интелигенција постигна значителен напредок, што доведе до широк спектар на апликации, како што се препознавање на говор, препораки за производи, превод на јазици и многу други примени. Иако родовата еднаквост и вештачката интелигенција можат да се сметаат за посебни области, тие се тесно поврзани и заемно влијаат една на друга. Целта на овој труд е да ги скицира различните аспекти на поврзаноста на родовата еднаквост и вештачката интелигенција, да ја идентификува заемната врска помеѓу нив, и да ги претстави предизвиците и можните решенија на проблемите кои произлегуваат од нивната поврзаност. Текстот ќе го претстави прашањето на родовата еднаквост во развојот на вештачка интелигенција, но и влијанието на вештачката интелигенција врз родовата еднаквост; предизвиците и можните решенија, успешни примери и студии на случаи, законодавство и политики кои го поддржуваат родовиот баланс во вештачка интелигенција, влијанието на родовата еднаквост на квалитетот и иновациите во вештачка интелигенција; иднината на динамиката на развојот на врската на родовата еднаквост и вештачка интелигенција.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2023-12-16
How to Cite
Бадаревски, Б. (2023). РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 76(1), 793-804. https://doi.org/10.37510/godzbo2376793b