ИСТОРИСКИ И СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ПАРАДОКСИ - СЛУЧАЈОТ HA ВЕНКО МАРКОВСКИ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
АВТОНОМИЗАМ, СЕПАРАТИЗАМ, ИДЕНТИТЕТ, ДИСИДЕНТ, СТАЛИНИЗАМ, МИГРАЦИЈА, ЈУГОСЛОВЕНСКА ИДЕЈААпстракт
Во трудот ce анализараат одделни аспекти на контроверзите создадени околу личноста на Венко Марковски како прв современ македонски поет, учесник во НОВ, сталинов идолопоклоник и национален дисидент. Со оглед на обемноста на темата и сложеноста на толкувањата кои се резултат на повеќе фактори, како: инволвираноста на политиката, состојбата на архивските фондови (во сеф или фризирани), фабрикувани документ, различни улоги на современиците на случувањата и нивните субјективни оценки/проценки итн., тука ќе ce задржиме, главно, на дел од „македонската фаза“ ‘на дејноста на Венко Марковски.
Ce работи за периодот од неговото вклучување во Народноослободтелната борба на македонскиот народ во текот на Втората светска војна до напуштањето на татковината, односно до емиграцијата во НР Бугарија. Притоа, во центарот ќе биде прашањето: Зошто ce случи трансформацијата на Венко Марковски?
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Виолета Ачкоска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.