АЛАХ И НЕГОВИТЕ ПРОРОЦИ ВО НАРОДНОТО ТОЛКУВАЊЕ НА ИСЛАМОТ

Автори

  • Ивета Тодорова-Пиргова Софија Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ0010096tp

Клучни зборови:

Турци сунити, свети книги, Коран, народно толкување на Коранот, фолклоризација на светите текстови, локална традиција, Бугарија

Апстракт

Врз основа на богат фолклорен материјал од традицијата на бугарските Турци сунити кои живеат во северозападните области на Бугарија и планините Родопи авторката ги анализира начините, формите и механизмите на трансформација на
определени свети текстови од Коранот кои, со текот на времето, стануваат фолклорни текстови. Во таа смисла, определувачки фактор во овие процеси, авторката го смета специфичниот социо-културен карактер на средината. Друг значаен фактор е
специфичното толкување на недостапниот арапски текст на Коранот од локалниот имам (хоџа) на луѓето чијшто духовен водач е. Трет фактор е толкувањето на адаптираните објаснувања на религиозните начела најдени во учебниците од исламската вера, како и промената на овие објаснувања во оригинални извори на народно раскажување. Четврт фактор, меѓу многуте други, е животното искуство на одделната личност и знаковите на Божјото присуство во човечките животи, кои таа личност може да ги прифати или не.

Референци

Преземања

Објавено

2026-02-03

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

АЛАХ И НЕГОВИТЕ ПРОРОЦИ ВО НАРОДНОТО ТОЛКУВАЊЕ НА ИСЛАМОТ. (2026). ЕтноАнтропоЗум, 1. https://doi.org/10.37620/EAZ0010096tp

Слични трудови

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.