АЛАХ И НЕГОВИТЕ ПРОРОЦИ ВО НАРОДНОТО ТОЛКУВАЊЕ НА ИСЛАМОТ
Main Article Content
Abstract
Врз основа на богат фолклорен материјал од традицијата на бугарските Турци сунити кои живеат во северозападните области на Бугарија и планините Родопи авторката ги анализира начините, формите и механизмите на трансформација на
определени свети текстови од Коранот кои, со текот на времето, стануваат фолклорни текстови. Во таа смисла, определувачки фактор во овие процеси, авторката го смета специфичниот социо-културен карактер на средината. Друг значаен фактор е
специфичното толкување на недостапниот арапски текст на Коранот од локалниот имам (хоџа) на луѓето чијшто духовен водач е. Трет фактор е толкувањето на адаптираните објаснувања на религиозните начела најдени во учебниците од исламската вера, како и промената на овие објаснувања во оригинални извори на народно раскажување. Четврт фактор, меѓу многуте други, е животното искуство на одделната личност и знаковите на Божјото присуство во човечките животи, кои таа личност може да ги прифати или не.
Article Details
Issue
Section

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.