Новини во регулирањето и реализацијата на човековите права во здравствената заштита - можности на Законот за заштита на правата на пациентите

  • Филип Геровски Дипломиран правник, практикант за заштита на човековите права во здравствената заштита Центар за регионални истражувања и соработка „Студиорум”, Скопје

Abstract

Целта на овој текст е да се прикаже Законот за заштита на правата на пациентите, новините и решенијата што ги нуди, проблемите што може да се
појават во неговото имплементирање и неговата важност, воопшто.
Здравствениот сектор и системот на здравствена заштита во последните неколку години е многу актуелен и постојано изложен на негативни критики. Со
донесувањето на Законот за заштита на правата на пациентите во 2008 година, Македонија направи чекор напред во насока на унапредувањето и заштитата на човековото здравје и заштитата на човековите права во здравствената заштита што ги имаме сите ние како пациенти, или потенцијални корисници на здравствените услуги. Имајќи го предвид тоа што во досегашната легислатива правата на пациентите беа регулирани во повеќе различни закони, овој Закон дава систематизиран преглед, не само на правата, туку и на
обврските што ги имаат пациентите и внесува нови механизми во системот
на заштитата на правата. Некои од новините во Законот ги вклучуваат: советникот за заштита на правата на пациентите, комисиите за унапредување на
правата на пациентите на локално ниво и една државна комисија, употребата на информирана согласност, како и загарантирано бесплатно второ стручно мислење. Исто така, овој Закон овозможува и еден механизам за вонсудско решавање на проблемите и споровите кои се јавуваат меѓу пациентите и
давателите на здравствени услуги. Понатаму, еден дел од текстот е посветен
и на усогласеноста на Законот со релевантните меѓународни документи, што
директно или индиректно ја регулираат оваа материја. Материјалите што се употребени во пишувањето на овој текст е самиот Закон за заштита на правата на пациентите и материјалите употребени во изработката на „Човековите права во здравствената заштита - Прирачник за
практичари”, што е изработен на инцијатива и со финансиска поддршка на
Институтот отворено општество - Иницијативата за право и здравство, во соработка со Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум” и Здружението за
еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија
- ЕСЕ.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-07-10
How to Cite
Геровски, Ф. (2020). Новини во регулирањето и реализацијата на човековите права во здравствената заштита - можности на Законот за заштита на правата на пациентите. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 3(5), 485-491. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2141