ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ

  • Зора Јачова Институт за дефектологија Филозофски факултет Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

Abstract

Основната интенција на овој труд е да се презентира и анализира ди­вер­ген­тноста на инклузивното образование на децата со оштетен слух.
Современите европски стандарди и модели на инклузивно образование на
уче­ниците со оштетен слух предвидуваат иницирање и имплементирање на
иновации во образованието, согласно националниот контекст и востановената
дидактичка основа со традиција. Во таа смисла, наставниците чувствуваат
потреба од втемелување на соодветна инклузивна методологија, технологија
и стратегии во инклузивната практика. Значи, неопходно е да се иницираат
активности за образование на наставниците во редовните училишта, со цел
да се создадат најсоодветни модели на инклузивната практика за учениците
со оштетен слух.
За непречено реализирање на оваа цел, релевантните институции иницираат
и поддржуваат активности што значат поквалитетно и похумано образование.
Тоа подразбира обезбедување локална инфраструктура и координација на
професионалци за поддршка на редовните училишта во кои се вклучени деца
со оштетен слух и креирање на најсоодветен инклузивен модел на практика.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2008-06-02
How to Cite
Јачова, З. (2008). ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 1(1), 68-75. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2105