ФРАЗЕМИТЕ ВО АНГЛИСКИОТ И НИВНИТЕ ПРЕВОДНИ ЕКВИВАЛЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Сажетак
Фраземите може да претставуваат голем предизвик кога се пренесуваат од изворниот јазик на јазикот цел. При употребата на фраземите, се согледува познавањето на јазикот, а при нивниот превод се гледа и способноста за изразување на друг јазик. Преку употребата на фраземите, се пренесува начинот на размислувањето на еден народ и неговиот светоглед. Целта на овој труд е да даде приказ на нивото на еквивалентноста помеѓу англиските идиоматски изрази и македонските фраземи. Оттаму, во трудот се разгледува фразеолошките изрази во англискиот јазик и нивите преводни еквиваленти во македонскиот. Анализата е направена на корпус од реченици ексцерпирани од два романи напишани на англиски јазик од турско-британската писателка Елиф Шафак и нивните преводни еквиваленти на македонски јазик. Врз основа на анализата на ексцерпираниот материјал, направена е класификација на три групи. Фраземите од англиски на македонски јазик имаат целосна (директна) еквивалентност, делумна (приближна) еквивалентност и немаат еквивалентност.
Downloads
Сва права задржана (c) 2024 Katerina Vidova
Овај рад је под Creative Commons Aуторство-Nекомерцијално-Без прераде 4.0 Интернационална лиценца.
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License