ФРАЗЕМИТЕ ВО АНГЛИСКИОТ И НИВНИТЕ ПРЕВОДНИ ЕКВИВАЛЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Катерина Видова

Аннотация

Фраземите може да претставуваат голем предизвик кога се пренесуваат од изворниот јазик на јазикот цел. При употребата на фраземите, се согледува познавањето на јазикот, а при нивниот превод се гледа и способноста за изразување на друг јазик. Преку употребата на фраземите, се пренесува начинот на размислувањето на еден народ и неговиот светоглед.  Целта на овој труд е да даде приказ на нивото на еквивалентноста помеѓу англиските идиоматски изрази и македонските фраземи. Оттаму, во трудот се разгледува фразеолошките изрази во англискиот јазик и нивите преводни еквиваленти во македонскиот. Анализата е направена на корпус од реченици ексцерпирани од два романи напишани на англиски јазик од турско-британската писателка Елиф Шафак и нивните преводни еквиваленти на македонски јазик. Врз основа на анализата на ексцерпираниот материјал, направена е класификација на три групи. Фраземите од англиски на македонски јазик имаат целосна (директна) еквивалентност, делумна (приближна) еквивалентност и  немаат еквивалентност.

Скачивания

Данные скачивания пока не доступны.
Опубликован
2024-09-29
Как цитировать
Видова, К. (2024). ФРАЗЕМИТЕ ВО АНГЛИСКИОТ И НИВНИТЕ ПРЕВОДНИ ЕКВИВАЛЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Филологические заметки, 22(1), 61-79. извлечено от https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/2700
Раздел
Современный социум в культуре, языке и литературе