„ФЛУИДНИОТ СТРАВ“ ВО РОМАНОТ БЕСНИЛО ОД БОРИСЛАВ ПЕКИЌ ВО КОНТЕКСТ НА СВЕТСКАТА ПАНДЕМИЈА СО КОРОНАВИРУС

  • Кристина Димовска

Аннотация

Светската пандемија со коронавирусот/COVID-19, којашто започна во 2019 г. и сè уште е актуелна и трае и денес, наметна нов начин на восприемање и толкување на одредени книжевни текстови, меѓу кои е и романот Беснило (1985 г.) на Борислав Пекиќ.

Интерпретацијата на романот е низ оптиката на „флуидниот страв“ (синтагма на Бауман, 2018 г.), а главната хипотеза на трудот гласи дека „флуидниот страв“ во романот „Беснило“ е верен одраз на флуидниот страв од коронавирусот и дека фикционалната епидемија во романот може да се интерпретира како претскажување и како пресликување на реалната пандемија со коронавирусот.

Искористени се општите методи на анализа и на синтеза, за читателот да добие што попрецизна слика за случувањата во романот и за да може да ги поврзе со случувањата со светската пандемија, но и посебниот метод на компаративно проучување (фикцијата наспрема стварноста). Трудот упатува на заклучокот дека фикцијата често пати влече корени од реалните искуства од стварниот свет и дека опишаната епидемија дели голем број сличности со сè уште актуелната светска пандемија.

Скачивания

Данные скачивания пока не доступны.

Литература

Pekić, Borislav. (1985). Besnilo. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički centar. [Пекиќ, Борислав. (1985). Беснило. Београд: Београдски издавачко-графички центар] [Borislav, Pekić. (1985). Rabies. Belgrade: Belgrade’s publication & graphic center]. (In Serbian.)

Бауман, Зигмунт. (2018). Флуиден страв. Прев. од анг. Кристина

Димовска. Скопје: Слово. [Zigmunt, Bauman. (2018). Fluiden strav. Translated from English by Kristina Dimovska. Skopje: Slovo] [Zygmunt, Bauman. (2006). Liquid Fear. Cambridge: Polity Press]. (In Macedonian.)

Chaela, Marisa. (2021). “QUARANTINE VLOGS | Recovering from the Plague…”, https://cutt.ly/T3aBU7I [Пристапено на: 06.04.2022].

Cohen, Jon. (2020). Scientists ‘strongly condemn’ rumors and conspiracy theories about origin of coronavirus outbreak. 19 февруари. https://rb.gy/umvtfm [Пристапено на: 05.03.2022].

COVID-19 medical misinformation policy, https://rb.gy/ku8mc2 [Пристапено на: 08.02.2023].

Dockrill, Peter. (2021). Scientists Identify Specific Gene Variant That Protects Against Severe COVID-19. 17 јануари. https://cutt.ly/S3aBLDk [Пристапено на: 05.03.2022].

Grunawalt, Jordan. (2021). “The Villain Unmasked: COVID-19 and the Necropolitics of the Anti-Mask Movement”. Disability Studies Quarterly, vol. 41, no. 3. https://bit.ly/3XfVKx3 [Пристапено на: 07.04.2022].

Taylor, Steven & Asmundson, Gordon J. G. (2021). Negative attitudes about facemasks during the COVID-19 pandemic: The dual importance of perceived ineffectiveness and psychological reactance. PloS One (2021), 16(2), Feb 17. https://bit.ly/3Yu4rVi [Пристапено на: 07.04.2022].

Опубликован
2023-11-12
Как цитировать
Димовска, К. (2023). „ФЛУИДНИОТ СТРАВ“ ВО РОМАНОТ БЕСНИЛО ОД БОРИСЛАВ ПЕКИЌ ВО КОНТЕКСТ НА СВЕТСКАТА ПАНДЕМИЈА СО КОРОНАВИРУС. Филологические заметки, 21(2), 11-25. извлечено от https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/1967
Раздел
Философско-культурологические проблемы