Маргиналниот глас како главна фокализаторска свест (интертекстуалните релации меѓу библиската Дина и Дина од Црвениот шатор на Анита Дајмонт)

Main Article Content

Кристина Димовска

Abstract

Поттикот да се пишува на тема што воспоставува релација меѓу ликот на Дина од Библијата/Светото писмо и нејзината реинтерпретација (претстава, портретизација, реконтекстуализација) во романот Црвениот шатор на Анита Дајмонт, поаѓа од основата да се исцртаат интертекстуалните релации меѓу двата текста. Истражувањето во фокусот ја има теоријата на Жерар Женет за интертекстуалните релации меѓу два и/или повеќе текстa. Во оваа смисла, ликот на Дина од Светото писмо/Библијата се издигнува од безгласен, маргинален лик од хипотекстот (Светото писмо) на ниво на главна фокализаторска свест во хипертекстот (романот Црвениот шатор). За да се појасни трансформацијата и реконтекстуализацијата на Дина како лик (библиски и фикционален/белетристички/романескен), треба да се има предвид интертекстуалното испреплетување меѓу споменатите текстови, но, исто така, посебно внимание се обрнува на релацијата меѓу хипотекстот и хипертекстот. Заклучокот на текстот стреми да упати на следното: ликот на библиската Дина може да се „чита“, односно да се толкува и да се анализира низ варијација на толкувачки призми/интерпретативни стратегии. Меѓутоа, целта во овој текст е да се истражи „комуникацијата“ (интертекстуалното испреплетување или, поправо, „монологот“) меѓу „оригиналната“ и „реконструираната“ Дина и да се согледа како нејзината реинтерпретација фрла ново светло за приказната на еден маргинален лик од Светото писмо.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

How to Cite
Димовска, Кристина. 2020. “Маргиналниот глас како главна фокализаторска свест”. Journal of Contemporary Philology 3 (1), 127–136. https://doi.org/10.37834/JCP2030127d.
Section
Literature

References

Бројх, У. (2003). Облици за одбележување на интертекстуалноста. Во К. Ќулавкова (прир.). Теорија на интертекстуалноста, 141-163. Скопје: Култура.
Ѓорѓиева Димова, М. (2011). Интенција и интерпретација. Велес: Графопринт.
Женет, Ж. (2003). Палимпсести. Во К.Ќулавкова (прир.). Теорија на интертекстуалноста, 63-75. Скопје: Култура.
Свето писмо (1990). Скопје: Свиндон: Македонска книга.
Свето писмо (2006). Скопје: Библиско здружение на Република Македонија. (Ревидирано издание).
Ќулавкова. К. (2003). Подемот на теоријата на интертекстуалноста. Во К.Ќулавкова (прир.). Теорија на интертекстуалноста, I-XI. Скопје: Култура.
Ќулавкова, К. (2016). Кон Балкански идентитет/и. Во К.Ќулавкова и М.Божикова (прир.). Балкански идентитети. Прилози од научноистражувачкиот проект Културната интеграција и стабилноста на Балканот, V-X. Скопје: МАНУ.

Bamburać, N. M. (2003). Retorika tekstualnosti. Sarajevo: Buybook.
Diamant, A. (1997). The Red Tent. New York: St. Martin’s Press.
Eco, U. (2002). O književnosti. Beograd: Narodna knjiga.