Драги колеги,

Пред вас е новото издание на XVIII годиште на електронското меѓународно славистичко списание Филолошки студии. Членовите на овогодишната главна редакција, во договор со другите редакции на списанието решија првиот број да ѝ го посветат на темата Mеѓу траумата и егзилот, носталгијата и ностосот. Акцентот беше ставен на истражувањата на поимот на егзилот, како доминантна тема на свременото време, на темпоралното, на културното и на физичкото оттуѓување на индивиуите во постмодерниот свет, на нестабилниот и на променливиот идентитет во прогонство или на: проблемите на сеќавањето и заборавот, траумата и носталгијата, времето и просторот, општествените или духовните исклучувања. Целта на тематскиот број беше да ја овозможи анализата на овој важен и фасцинантен аспект на современата култура и да го поттикне повеќестраното истражување за концептите на егзил и напуштање – географското, временското, физичкото, идејното. За актуелноста на споменатите прашања сведочеа голем број примени текстови, разни пристапи и методолошки основи. Написите се класифицирани во шесте стандардни делови на списанието Филолошки студии. Вториот број на списанието, иако не е конципирано тематски, обединува корпус написи за словенските литератури, јазици, фолклор и културна историја. Беа собрани голем број текстови од соработници од повеќе европски центри, на кои им благодариме во оваа пригода.

Овој број на списанието го подготви редакцијата на Институтот за литература и уметност од Белград, а беше објавен со учество и поддршка на постојаните соработници: Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Филолошкиот факултет на Универзитетот во Перм, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб, Филозофскиот Факултет на Универзитетот во Љубљана.

Објавено: 2020-11-12

Историја и филологија

Зборот во историско-културолошкиот контекст

Книжевноста во интеркултурен контекст

Проучување на говорот. Лингводидактика