АМБИВАЛЕНТНОСТА НА МОТИВОТ НА ЗМИЈАТА
Ключевые слова:
мотивот на змијата, архетип, семантика, амбивалентни толкувања, митолошки преданија, фолклорни верувања, обреди, сонови и литературни остварувањаАннотация
Трудот се занимава со семантичкото проучување на мотивот на змијата, во одделните митолошки преданија, фолклорни верувања, обреди, сонови и во литературни остварувања, промовирајќи низ практиката мноштво различни гледишта и амбивалентни толкувања. Неговото присуство го проследуваме започнувајќи од архаичните општества во кои овој мотив има забележително митско-религиозно значење. Она што е особено важно во тој контекст е тоа што тој одново вистински се доживува преку обредите, преку кои, според М. Елијаде (Elijade,1970:14), се настојува да се објаснат одделни загадочни прашања за човековото постоење, меѓу другото, како настанал човекот, како да се заштитиме од злото и да го продолжиме нашиот вид. Денес, многу видни етнолози, антрополози, митолози, психолози, настојуваат од различни агли да ја откријат семантиката и смислата на архетипот на змијата. Во нивните обиди за толкување се покажало дека змијата зазема едно од доминантните места, кога станува збор за толкувањето на двата основни принципи на човештвото (духот на создавањето и на спознанието). Иако од аспект на секојдневното живеење, на змијата се гледа како на остаток од минатото, како на „света приказна“ што го изгубила своето значење, или како на надмината етапа во развитокот на човековата мисла, научниците и културолозите, сепак, овој мотив го третираат со посебен интерес. Тие му придаваат големо значење, пред сè, поради неговото забележително присуство во литературата и во другите современи форми на духовни остварувања. Тоа, секако, говори за непроценливото значење на овој мотив во напорот да се разбере човекот во својата целост.
Скачивания
Загрузки
Опубликован
Выпуск
Раздел
Лицензия
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License