ЕТИОЛОГИЈА НА АУТИЗМОТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
епидемиологија, аутизам, генетско влијание, МПР-вакцинаАпстракт
Иако постојат добри докази дека аутизмот е мултифакториелно нарушување, сî уште има потреба од добро разбирање на генетските и негенетските причини. Преку емпириски истражувачки наоди е направено испитување на можните причински влијанија. Најсилните докази се однесуваат на важноста на сусцептибилните гени, а ваквите гени треба да бидат идентификувани. Специфичните соматски состојби (туберозна склероза и фрагилен X-синдром) учествуваат со мала пропорција од случаите. Во последните децении е забележано зголемување во стапката на дијагностициран аутизам. Главно објаснување за ова зголемување може да се најде во подоброто откривање и проширувањето на дијагностичкиот концепт. Прогресот во разјаснувањето на причините за аутизмот круцијално ќе зависи од комбинацијата на епидемиологијата со повеќе базични научни лабораториски студии.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2004 Владимир Трајковски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
