АБНОРМАЛНОСТ НА ГИРАЛНИОТ ПРОЗОРЕЦ КАЈ АУТИЗМОТ: МИКРОСКОПСКИ КОРЕЛАТ НА ПРЕТПОСТАВЕНА МИНИКОЛУМНОПАТИЈА

Автори

  • Мануел КАЗАНОВА Department of Psychiatry and Behavioral Sciences University of Louisville, Louisville, KY, USA
  • Али ФАРАГ Оддел за електро и компјутерско инженерство Универзитет Луисвил, Луисвил, Кентаки 40292, САД
  • Ајман ЕЛ-БАЗ Оддел за електро и компјутерско инженерство Универзитет Луисвил, Луисвил, Кентаки 40292, САД
  • Меган МОТ Оддел за психијатрија и бихевиорални науки Универзитет Луисвил, Луисвил, Кентаки, САД
  • Хосам ХАСАН Оддел за електро и компјутерско инженерство Универзитет Луисвил, Луисвил, Кентаки 40292, САД
  • Рахид ФАХМИ Оддел за електро и компјутерско инженерство Универзитет Луисвил, Луисвил, Кентаки 40292, САД
  • Ендрју Е. СВИТАЛА Оддел за психијатрија и бихевиорални науки Универзитет Луисвил, Луисвил, Кентаки, САД

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

аутизам, магнетна нуклеарна резонанца (МНР), неокортекс, миниколумни

Апстракт

Аутизмот е невроразвојно нарушување кое го карактеризираат нарушувања во социјалната интеракција, јазикот и опсегот на интереси. Понови студии сугерираат дека мозоците на аутистичките пациенти имаат зголемен број на миниколони. Ова откритие помага да се објасни присуството на макроенцефалија или зголемување на мозокот кај значителен број пациенти со аутизам. Промените на големината на мозокот и гирификацијата обично се истовремени. Во оваа студија имплементиравме алгоритам што го мери гирификацискиот прозорец во мозоците на 23 постмортем аутистички и 16 постмортем контролни мозоци. На  ниво на доверба од 85% алгоритмот точно класифицира 22/23 аутистички, стапка на точност 0,96, и 15/16 контролни, стапка на точност 0,94. Претходните структурални студии на невровизуелизација кај аутизмот ги нагласуваа волуметриските мерки. Овие методологии се многу чувствителни на сегментирање на артефакти, нарушени од буката на претставата, недостатокот на силни рабови и поделбата на боја/ткиво меѓу различни структури. Сегашната студија нуди нов приод кон класификацијата на аутизам базирана врз структурната МНР.
Откритието му носи важност на клиничкото претставување на аутизмот бидејќи зголемената гирификација го намалува гиралниот прозорец и ја ограничува поврзаноста во корист на кусите кортикортикални влакна.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2006-03-31

Како да се цитира

АБНОРМАЛНОСТ НА ГИРАЛНИОТ ПРОЗОРЕЦ КАЈ АУТИЗМОТ: МИКРОСКОПСКИ КОРЕЛАТ НА ПРЕТПОСТАВЕНА МИНИКОЛУМНОПАТИЈА. (2006). Дефектолошка теорија и практика, 7(1-2), 85-101. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 58

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)