НЕВРОПАТОЛОГИЈА НА АУТИЗАМ: СЕЛЕКТИВЕН ПРЕГЛЕД
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
аутизам, невропатологија, прегледАпстракт
Аутизмот е невроразвојно нарушување коe го карактеризираат оштетувања на когнитивните, јазичните и социјалните вештини. Додека етиологијата останува нејасна, тоj примарно се набљудува како големо наследно нарушување. Во овој труд, карактеристичните невроанатомско-морфолошки наоди поврзани со аутизмот селективно се дадени во преглед, а се дискутираат и нивните импликации за бихевиоралните манифестации. Иако генерално има доследност меѓу класичните невропатолошки опсервации, конфликтните наоди се карактеристика во литературата. Сите студии страдаат од малиот обем на примероци и високата коморбидност на аутизмот со другите невролошки/психијатриски болести. Поголема студија на популациите, која се должи делумно на зголемената распространетост на аутизмот и знаењето за аутизмот, дозволува поголема статистичка сила за полноважноста. Новите техники на снимање и постмортемските техники применети во овие студии даваат ветување за решавање на конфликтите и нејаснотиите во податоците, обезбедувајќи основа за подобрено разбирање на невропатологијата и третманот на оваа состојба.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2006 Мануел Казанова

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
