ХИПЕРЛЕКСИЈА И ДИСЛЕКСИЈА КАЈ АУТИЗМОТ: ГАЃАЊЕ НА ПОДВИЖНА ЦЕЛ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
ектопија, дисплазија, миниколумни, неокортекс, кортикогенеза, гирален индексАпстракт
Дијагностичката историја на аутизмoт, дислексијатa и хиперлексијатa е комплексна. Затоа што овие состојби делат меѓу себе и конвергентни и дивергентни состојби, важно е да се разберат овие врски, особено во случај на истражување и на кој начин се интерпретираат студии кои поминуваат низ декади со променливи критериуми. Многу е важно да се синтетизира што е досега познато за морфологијата на овие состојби и да се подвлече што е сè уште непознато. Аутизмот и дислексијата, на пример, делат антиподни церебрални морфологии, како што се миниколумнарната густина, неурополната ширина, големината на клетките, волуменот на корпус калозум, гиралната комплексност, гиралната големина и церебралниот волумен, додека хиперлексијата не беше проучена на овој начин, иако таа има многу сличности со аутизмот. Во меѓувреме, флуктуацијата на критериумите на дислексијата низ годините значи дека постарите студии, како што се некои од најмногу цитираните во постмодерните истражувања, веројатно користеле хетерогени групи на субјекти за разлика од тоа што користат денешните истражувања за дислексија. Значително збунувачки, овие постари истражувања се често основите на истражувањето за тековниот животински модел и генетика. Во заклучок, земајќи ги предвид континуираните промени во критериумите, особено оние кои предлагаат промена од „нарушување во читањето“ во поширокото „специфично нарушување во учењето“ во состав на DSM-5, ние препорачуваме сепарација на различни нарушувања во читањето под нивни сопствени наслови со цел да се промовира специфичноста на дијагнозата и третманот, и да се даде подобра поддршка за истражување.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2012 Емили Л. Вилијамс

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
