ХИПЕРЛЕКСИЈА И ДИСЛЕКСИЈА КАЈ АУТИЗМОТ: ГАЃАЊЕ НА ПОДВИЖНА ЦЕЛ

Автори

  • Емили Л. ВИЛИЈАМС Department of Anatomical Sciences and Neurobiology, University of Louisville School of Medicine, Louisville, Kentucky, USA
  • Мануел Ф. КАЗАНОВА Одделение за психијатрија и науки за однесувањето, Универзитет во Луисвил, Медицински факултет, Луисвил, Кентаки, САД

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

ектопија, дисплазија, ми­ни­колумни, неокортекс, кортикогенеза, ги­ра­лен индекс

Апстракт

Дијагностичката историја на аутизмoт, дис­лек­­сијатa и хиперлексијатa е комплексна. Затоа што овие состојби делат меѓу себе и кон­вер­гентни и дивергентни состојби, важно е да се раз­берат овие врски, особено во случај на ис­тра­жување и на кој начин се ин­тер­пре­ти­раат сту­дии кои поминуваат низ декади со про­мен­ли­ви критериуми. Многу е важно да се син­те­ти­зира што е досега познато за мор­фо­ло­гијата на овие состојби и да се подвлече што е сè уш­те непознато. Аутизмот и дис­лек­сијата, на при­мер, делат антиподни це­ре­брал­ни мор­фо­ло­гии, како што се ми­ни­ко­лум­нарната гус­ти­на, неуро­пол­ната ширина, го­лемината на клет­ки­те, во­лу­менот на корпус калозум, гиралната ком­плекс­ност, гиралната го­лемина и це­ре­брал­ни­от волумен, додека хи­перлексијата не беше проу­чена на овој на­чин, иако таа има многу слич­ности со ау­тиз­мот. Во меѓувреме, флук­туа­цијата   на    кри­те­риу­мите     на     дислексијата низ годините значи дека постарите студии, како што се некои од нај­многу цитираните во пост­модерните ис­тра­жувања, веројатно корис­те­ле хетерогени гру­пи на субјекти за разлика од тоа што ко­рис­тат денешните истражувања за дис­лек­си­ја. Значително збунувачки, овие пос­тари ис­тра­жувања се често основите на ис­тра­жу­ва­ње­то за тековниот животински модел и ге­не­ти­ка. Во заклучок, земајќи ги предвид кон­ти­нуираните промени во критериумите, осо­бе­но оние кои предлагаат промена од „на­ру­шу­ва­ње во читањето“ во поширокото „спе­ци­фично нарушување во учењето“ во состав на DSM-5, ние препорачуваме сепарација на раз­­лични нарушувања во читањето под нив­ни соп­ствени наслови со цел да се про­мо­ви­ра спе­ци­фичноста на дијагнозата и трет­ма­нот, и да се даде подобра поддршка за ис­тра­жу­ва­ње.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2012-09-30

Како да се цитира

ХИПЕРЛЕКСИЈА И ДИСЛЕКСИЈА КАЈ АУТИЗМОТ: ГАЃАЊЕ НА ПОДВИЖНА ЦЕЛ. (2012). Дефектолошка теорија и практика, 13(3-4), 39-54. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.