МЕЃУУНИВЕРЗИТЕТСКА СОРАБОТКА. ИЗВЕШТАЈ ЗА ДВЕГОДИШНОТО ИСКУСТВО
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
интеруниверзитетска соработка, извештај, 2 годишно искуствоАпстракт
Учеството на една меѓународна конференција често претставува ритуал. Многу често се случува учесниците, иако доаѓаат од различни контексти и делат исто поле на интереси, иако дискутираат за работи што се презентирани на конференцијата, всушност ги задржуваат истите мислења што ги имале од порано, а ефектот од размената бледее веќе при последните разговори во текот на конференциската вечера.
Меѓународната конференција за десетгодишницата од постоењето на Институтот дефектологија при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, одржана во Охрид во септември 2003, не беше само ритуал. Во текот на таа конференција, мала група истражувачи и експерти од Македонија и Италија му дадоа почеток на нешто ново, спонтано почнувајќи разговор за двата различни образовни системи за лицата со специјални образовни потреби, едниот што се практикува во Италија и другиот во Македонија. Неколку месеци потоа, таа мала група луѓе (авторите на овој напис беа меѓу нив) го зачнаа проектот за меѓууниверзитетска соработка на Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Ла Сапиенца“, која трае веќе две години.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2006 Вивијана Лангер

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
