DOWN-СИНДРОМ ПРЕДИЗВИК ЗА РОДИТЕЛОТ, ПОДДРШКА ЗА ЗРЕЛОСТ НА ОПШТЕСТВОТО – ТРИБИНА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
На 15.10.2011, на Филозофскиот факултет во Скопје, во големиот амфитеатар се одржа трибина под наслов „Down-синдром предизвик за родителот, поддршка за зрелост на општеството“. Трибината беше во организација на Македонското научно здружение за аутизам и Здружението „Трисомија 21“ од Загреб, Р. Хрватска.
Целта на трибината беше да се поттикне заедницата на една сеопшта сензибилизираност со отворени ставови, како и да се претстават потребите на лицата со Down-синдром како рамноправни членови на општеството, а во прилог на поголеми придобивки од државните институции за што поквалитетен начин на живеење како за нив, така и за членовите на нивните семејства.
Овој настан беше медиумски покриен, а присутни беа преку 300 лица. Во аудиториумот можеше да се забележат родители, студенти, стручњаци и лица со Down-синдром.
Меѓу присутните беше амбасадорот на Р. Хрватска, а поздравен и воведен говор имаше продеканот за меѓународна соработка на Филозофскиот факултет, проф. д-р Лена Дамовска. Според програмата, госпоѓа Хелена Меловник Зрињски, родител и извршен директор на „Трисомија 21“ од Загреб, пред присутните ги презентираше своите искуства како родител на дете со Down-синдром низ трудот со наслов „И моето дете има Down-синдром“.
Росица Колева, постдипломец на Универзитетот во Кембриџ, сподели искуства во однос на инклузијата на лицата со Down-синдром во редовните училишта во Англија.
Прим. м-р на медицински науки Миливој Крамариќ, психијатар во „КБЦ Ребро“, Загреб, Хрватска, говореше за грижата за менталното здравје на лица со интелектуални нарушувања во Р. Хрватска.
За значењето на фенокопиите во клиничката практика, говореше д-р Елизабета Зисовска, педијатар-неонатолог од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Д-р Ацка Тушевска, специјализант по психијатрија при „КБЦ Ребро“ Загреб, РХ/ПК Скопје, со своето предавање ги опиша постпарталните депресивни состојби кои се среќаваат кај жени кои родиле дете со Down-синдром.
На крајот со свое предавање се претстави претседателот на Македонското научно здружение за аутизам, проф. д-р Владимир Трајковски кој говореше за новините во генетиката на Down-синдромот.
По сите излагања на предавачите, се отвори едночасовна плодна дискусија во која учествуваа студенти од повеќе факултети, родители, стручни лица од повеќе области.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2012 Розалија Давковска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
