РАНАТА ДИЈАГНОСТИКА КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОХЛЕАРНА ИМПЛАНТАЦИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
слушно оштетување, рана дијагностика, неонатален скрининг, кохлеарна имплантацијаАпстракт
Сите истражувања укажуваат на фактот дека раната детекција и дијагностика сè уште се извршуваат доцна (по третата година во животот), така што во првите три години од животот не се воспоставуваат развојните промени на начин кој ги вклучуваат интеррелациските аспекти на човечкиот развој и неговите природни секвенци. Со вклучувањето на раните рехабилитациски постапки се поттикнува позитивниот начин на комуникација кај малото глуво дете, така што тоа произведува и процесира информации кои можат да доведат до позитивни квалитети и промени во развојниот процес.
Технологијата за слушање е драматично променета во последниве декади. Со придонесот на аудиометрите во 40-те години од минатиот век почнавме да учиме како прецизно да го процениме степенот и видот на слушното оштетување, кое е од огромно значење за оптималниот фитинг на моќните помагала за слушање и кохлеарните импланти.
Во истиот период се развиени и слушните помагала соодветни за мали деца, коишто им овозможија на децата со значителен губиток на слухот, подобра можност да го развијат говорот и говорниот јазик.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Зора Јачова

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
