ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И МУЗИЧКИТЕ ПОСТИГНУВАЊА

Автори

  • Миодраг Л. СТОШЉЕВИЌ University of Belgrade - Faculty of Special Education and Rehabilitation, Belgrade, Serbia
  • Фадиљ Н. ЕМИНОВИЌ Универзитет во Белград - Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Белград, Србија
  • Радмила М. НИКИЌ Универзитет во Белград - Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Белград, Србија
  • Гордана И АЧИЌ Музичко училиште „Војислав Вучковиќ“, Белград, Србија
  • Санела Р. ПАЦИЌ Музичко училиште „Војислав Вучковиќ“, Белград, Србија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

церебрална парализа, музичките постигнувања, асистивна технологија

Апстракт

Учениците со церебрална парализа посе­ту­ваат основно образование согласно редовен и специјален (изменет или модифициран) нас­тавен план и програма. Наставниот план од редовните училишта е иновиран во 1992 година, додека учениците со це­реб­рал­на парализа и понатаму работат по наставен план и програма кој не е изменет и при­ла­го­ден на нивните можности и потреби. Му­зи­ка­та е едно од најдобрите средства за изра­зу­ва­ње. Таа игра многу важна улога во раз­во­јот на секое дете, па така и во развојот на де­те­то со церебрална парализа.
Со цел да се проверат можностите на уче­ни­ци­те со церебрална парализа, со и без мен­тал­на ретардација, за усвојување на актуел­ни­те програмски содржини од музичка кул­тура, спроведовме истражување на музич­ки­те постигнувања и моторната подготвеност на децата со церебрална парализа. Истра­жу­ва­­њето е направено во текот на 2007 година, на примерок од 27 ученици со церебрална па­­рализа и лесна ментална ретардација кои по­­сетуваа настава во училиштето „Миодраг Ма­­тиќ“ (павилјон 1 во Сокобањска улица и
па­вилјон 2 на улица Браќа Јерковиќ) и при- мерок од 16 ученици со церебрална пара­ли­за без ментална ретардација кои посетуваа нас­тава во училиштето „Д-р. Драган Хер­цог“ во Белград.
Резултатите од спроведеното истражување ка­ко и направената анализа на програмските содржини на наставата по музичка култура, укажуваат на тоа дека можностите на уче­ни­ци­те со церебрална парализа (со и без мен­тал­на ретардација) за извршување на зада­чи­те поставени во наставниот план бараат из­го­­т­вување на програма со специјален прис­тап и методика на работа. Во таа насока ги одредивме почетните предлози за полесно со­владување на планот и програмата по му­зич­ка култура, со посебен акцент на некои од многубројните средства за асистивна тех­но­логија кои во многу би го олесниле целиот про­цес.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2008-09-30

Како да се цитира

ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И МУЗИЧКИТЕ ПОСТИГНУВАЊА . (2008). Дефектолошка теорија и практика, 9(3-4), 23-37. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 32

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)