ВИЗУЕЛНАТА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ ДЕЦАТА СО ОШТЕТУВАЊЕ НА PLEXUS BRACHIALIS – ПРОЦЕНА И ТРЕТМАН

Автори

  • Драгана М. КЉАЈИЌ Medical High school for specialty studies, Kjuprija, Serbia
  • Сања М. ТРГОВЧЕВИЌ Факултет за политички науки, Универзитет во Белград, Србија
  • Радмила М. НИКИЌ Факултет за специјална едукација и ре­хабили­тација, Универзитет во Белград, Србија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

оштетување на plexus bra­chi­­a­lis, визуелна перцепција, соматопедски трет­ман

Апстракт

Преку моториката се одвива меѓучовечка ко­му­­ни­кација и се остваруваат пси­хо­со­цијал­ни­от и ментален развој на личноста, како и сите неј­зини останати функции. Најчестиот не­вро­лош­ки синдром од периферен тип е па­ре­за/парализа на plexus brachialis, која во по­го­лем број случаи настанува за време на ра­ѓа­ње­то и значајно го компромитира растот и раз­во­јот на горните екстремитети и има вли­ја­ние врз психомоторното функционирање.
Целта на овој труд е да се испита нивото на ви­зуелната перцепција кај децата со ош­те­ту­ва­ње на plexus brachialis како и влијанието на со­ма­топедскиот третман врз под­иг­ну­ва­ње­то на нивото на визуелната перцепција. При­мерокот го сочинуваат 60 испитаници од пре­ду­чи­лиш­на возраст, кои се наоѓаат на бол­ничко ле­ку­ва­ње ­во Клиниката за ре­ха­би­ли­та­ција „Д-р Ми­ро­слав Зотовиќ“ во Бел­град (експериментална гру­па), и испитаници кои доаѓале на редовни кон­троли и имаат дис­кон­ти­нуитет   во   те­ра­пи­јата   (контролна   гру­па). За пот­ребите на ис­тражувањето ко­рис­тен е тест за процена на ви­зуелната пер­цеп­ција. Со ана­ли­за­та на до­бие­ни­те ре­зул­та­ти  заклучивме дека и при првото и  при   вто­ро­то   мерење   пос­тои  статистички значајна ко­ре­лација меѓу ис­пи­та­ниците од екс­пе­ри­ме­н­талната и кон­трол­на­та група (1-то ме­ре­ње: p<0.001, r=0.408; 2-то ме­ре­ње: p<0.001, r=0.593)

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2012-03-31

Како да се цитира

ВИЗУЕЛНАТА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ ДЕЦАТА СО ОШТЕТУВАЊЕ НА PLEXUS BRACHIALIS – ПРОЦЕНА И ТРЕТМАН. (2012). Дефектолошка теорија и практика, 13(1-2), 19-30. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 122

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.