„НАЈДОБРИТЕ ПРАКТИКИ ОД МЕДИЦИНАТА ВО ОДНОС НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА ПОПРЕЧЕНОСТ“ – ОДРЖАН КОНГРЕС ВО БРИСТОЛ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
најдобри практики, медицина за интелектуална попреченост, конгрес, Бристол, новиниАпстракт
На 13-ти и 14-ти мај 2010 година, во Бристол, Велика Британија се одржа конгрес со наслов „Најдобрите практики од медицината во однос на интелектуалната попреченост“, во организација на Европската aсоцијација за медицина на интелектуална попреченост (MAMH – European Association of Intellectual Disability Medicine), “Indis International” и “ALDERN” – Avon Learning Difficulties Education and Research Network) – Авон, Oрганизација за едукација на тешкотии во учењето и истражувачка мрежа. Основната замисла на конгресот беше повеќе од деведесет гости од над 20 различни земји од светот да ги презентираат најдобрите политики, практики, тренинзи, мрежна работа поврзана со лицата со интелектуална попреченост, од земјите кои ги претставуваат, со што ќе се овозможи размена на искуства, нови информации, иновации и достигнувања, како и подобрување на квалитетот на животот преку овозможување на подобар пристап до здравствена грижа и заштита на децата и возрасните со интелектуална попреченост.
На конгресот учествуваа доктори, медицински сестри и други здравствени работници од повеќе земји: Австралија, Австрија, Англија, Белгија, Велс, Данска, Ирска, Италија, Канада, Македонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Холандија, Унгарија, Чешка, Швајцарија, Шведска, Шкотска, Шпанија. Единствен претставник од Р. Македонија беше проф. д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, кој, со одличен настап поздравен од сите присутни, се претстави со темата: „Здравствениот систем на лицата со интелектуална попреченост во Македонија“.
Учеството на проф. д-р Владимир Трајковски покажа дека Македонија не заостанува во оваа научна област во однос на светската практика и овозможи воспоставување на нови контакти, размена и црпење на позитивни искуства од практиките во другите земји.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Оливера Рашиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
