СПОРЕДБА НА САМОЕФИКАСНОСТА И НАДЕЖТА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ СО ПОТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО И УЧЕНИЦИТЕ БЕЗ ПОТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
самоефикасност, надеж, потешкотии во учењето, ИранАпстракт
Состојбата на потешкотии во учењето е доживотна состојба што влијае на академското функционирање, секојдневниот живот и на општествениот начин на живеење. Учениците со потешкотии во учењето често во академските и други подрачја постигнуваат под нивото, и најчесто со первазивни негативни последици. Ова истражување ја споредува самоефикасноста и надежта на ученици со потешкотии во учењето во 30 основни училишта (шесто одделение) со 30 нивни врсници без потешкотии во учењето. Беше користен дизајнот екс пост-фактум. Примерокот за статистичка анализа ги опфаќа сите ученици од основните училишта (шесто одделение) во Харсин, Иран, во текот на учебната 2012/2013 година. Учениците со потешкотии во учењето беа случајно избрани. Кај учениците со потешкотии во учењето, потешкотиите во учењето беа дијагностицирани со помош на Прашалникот за потешкотии во учењето од Колорадо. Учениците ги пополнија Векслеровата мемориска скала, Генералната скала за самоефикасност и Скалата за детска надеж. Податоците беа анализирани преку анализа на варијанса. За компјутерската обработка на дескриптивната статистика и анализата на варијанти, беше употребен статистичкиот пакет за општествените науки (SPSS 20). Беа забележани разлики меѓу групите во однос на самоефикасноста и надежта. Овој труд ја покажува важноста на улогата на самоефикасноста и надежта за учениците со потешкотии во учењето.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Мохамад Хоџати

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
