ПРОГРАМА ЗА НАСОЧЕНО ЧИТАЊЕ ЗА ЗАТВОРЕНИЦИ: ПРИСТАП НАСОЧЕН КОН РЕЗУЛТАТОТ
Клучни зборови:
програма, читање, луѓе, затвор, вербален недостатокАпстракт
Како дел од подетална пилот-студија – оваа студија се занимава со верификација на Програмата за насочено читање спроведена во хрватските затвори, во периодот од 1 јуни до 1 септември 2012 година. Субјекти беа возрасни машки затвореници кои одлежуваа долгогодишна казна во затвор со средна безбедност. Беа споредени резултати за степенот на вербални и комуникативни вештини, нејасно сфаќање и подобрување на навиките за читање на две групи затвореници, на почетокот и на крајот од мерните точки во програмата. Првата група учествуваше во активности од програмата (П-група, Б=8) за разлика од втората група која не учествуваше во истите активности од програмата (НП- група, Б=8), но, и тие се согласија да ја пополнат скалата. Сите затвореници учествуваа доброволно. Критериумот за избор на затвореници во двете групи беше: завршено четиригодишно средно образование, зачувано когнитивно функционирање и внатрешна мотивација.
Податоците беа анализирани според следниве непараметриски тестови: Mann-Whitney тест, Хи квадрат тест и програмите COCHCOX и METDIF1.
Групата П покажа подобри резултати од групата НП на почетното и на крајното мерење (p<r;0,05 на 5 варијабли), што значи дека нивните искази биле значително попозитивни и поздрави.
Како заклучок може да се каже дека програмата е корисна за личен развој на луѓето и има позитивно влијание на нивната рехабилитација.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2015 Жељка Багариќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
