ИСТРАЖУВАЧКА СТУДИЈА: СТРЕС, НАЧИНИ НА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ И ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊА

Автори

  • Мери НОЛЧЕВА
  • Vladimir Trajkovski Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

Клучни зборови:

аутистичен спектар на нарушување, интелектуална попреченост, стресот на родителите, начини за справување, семејна поддршка

Апстракт

Вовед:Секоја година сè повеќе семејства се соочуваат со посебни предизвици поврзани со одгледувањето дете со АСН. Стресот е значаен аспект од исполнувањето на улогата на родител, а родителството на дете со АСН значително влијае на стресот што се доживува. Низ литературата се посочува дека нивото на стрес кај родителите е обратно-пропорционално со семејната поддршка и начините на справување со стресот.
Цел:Проценка на нивото на стрес кај родителите на деца со АСН, на начините за справување со стресот и на нивото на семејната поддршка во споредба со родителите на деца со ИП
Методологија:Примерокот беше составен од група родители на деца со АСН (N=35) и група родители на деца со ИП (N=35). Тие пополнија четири прашалници: PSI-SF, Brief COPE, FSS и демографски прашалник. Податоците беа обработени со t-тест за компарација, со хи-квадрат за компарација на дистрибуцијата на фреквенцијата и со Пирсоновиот коефициент за корелација, со значајност на ниво p<r;0,05.
Резултати:Во однос на стресот нема разлика помеѓу двете групи. Начините за справување со стресот што ги користат родителите на деца со АСН посочуваат дека честото одбегнување (r=0,469) и неангажираноста (r=0,567) доведуваат до зголемување на стресот кај родителите. Семејната поддршка (r=-0,415) се покажа како битен фактор за ублажување на стресот и механизам за справување со стресот кај родителите на деца со АСН.
Заклучок:Не постојат разлики во нивото на стрес, во начините за справување со стресот и во нивото на поддршка помеѓу родителите на деца со АСН и со ИП.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-09-30

Како да се цитира

ИСТРАЖУВАЧКА СТУДИЈА: СТРЕС, НАЧИНИ НА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ И ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊА. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(3-4), 84-100. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5069

Слични трудови

1-10 од 34

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)