РАЗБИРАЊЕ НА КОНАТИВНИТЕ РЕГУЛАТОРСКИ СИСТЕМИ – ИСПИТУВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ МЕЃУ ПРЕСТАПНИЦИТЕ И НЕПРЕСТАПНИЦИТЕ

Автори

  • Сања Ѓурѓевиќ Faculty of Special Education and Rehabilitation, University of Belgrade, Belgrade, Serbia
  • Жилијета КРИВОКАПИЌ Висока медицинска школа за професионални студии, Ќуприја, Србија
  • Роса ШАПИЌ Универзитет во Бјелина, Бјелина, Босна и Херцеговина
  • Сретен ВИЌЕНТИЌ Психијатриска клиника, Клинички центар во Србија, Белград, Србија

Клучни зборови:

особини на личноста, прекршители, неорганизираност, нарушувања, рехабилитација

Апстракт

Вовед:Голем број истражувања потврдуваат дека личните особини се важни предиктори на криминално однесување. Целта на ова ис-тражување беше да се одреди констелаци-јата на разликите на основните лични осо-бини на затворените поединци и на оние што отслужуваат алтернативни мерки, осо-бини кои прават разлика меѓу криминалната и некриминалната популација. Во ова истражување корис-тениот модел на личноста е кибернетски модел на конативното функционирање, што претпоставува дека конативните регулатор-ски системи речиси сосема ја опишуваат структурата на личноста.
Методологија: Примерокот во истражувањето опфаќа 391 машки испитаници (152 престапници што служат затворска казна, 91 осуденици казнети со алтернативни казни и 48 непрестапници).
Беа испитувани варијаблите: регулатор на активноста (екстровертност), регулатор на органските функции (хистерија), регулатор на одбранбените реакции (анксиозност), ре-гулатор на напаѓачките реакции (агресивно-ст), систем за координација на регулатор-ските функции (психотицизам) и систем за интеграција на регулаторските функции (интеграција).
Резултати: Постојат значајни разлики во сите димензии на личноста меѓу групите, освен во рамките на екстровертноста. Интеграци-јата и агресивноста се особини што придо-несуваат за разликите меѓу лицата што слу-жат затворска казна и престапниците осуде-ни на алтернативни мерки. За разликите меѓу непрестапниците и престапниците што служат затворска казна придонесуваат следниве особини: психотицизам, интегра-ција, агресивност и анксиозност. Меѓу прес-тапниците осудени на алтернативни мерки и општата популација не беа пронајдени разлики во личните особини.
Заклучок: Нашите сознанија можат да индицираат на потреба за задолжителна дијагностичка психолошка анализа на личности кои извршиле помали прекршоци, за да се доне-се вистинската одлука кога се избира поме-ѓу затвор или друг алтернативен метод на казна.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2016-03-31

Како да се цитира

РАЗБИРАЊЕ НА КОНАТИВНИТЕ РЕГУЛАТОРСКИ СИСТЕМИ – ИСПИТУВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ МЕЃУ ПРЕСТАПНИЦИТЕ И НЕПРЕСТАПНИЦИТЕ. (2016). Дефектолошка теорија и практика, 17(1-2), 66-84. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5058

Слични трудови

1-10 од 28

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.