ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА СОВРЕМЕНИ ТРЕНДОВИ НА ДЕФЕКТОЛОШКАТА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА
Апстракт
Во периодот од 16 до 18 јуни 2016 годна во Охрид, Сојузот на дефектолози на Р. Македонија во соработка со Филозофскиот факултет од Скопје и Институтот за дефектологија одржа меѓународна конференција на тема Современи трендови на дефектолошката теорија и практика. Покрај домашните учесници на конференцијата, имаше и голем број гости од повеќе различни земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Велика Британија како и претставници од Министерството за образование и наука, Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Претставништвото на Европската Унија во Македонија.
Настанот беше отворен од почесниот претседател на Сојузот на дефектолози, проф. д-р Љупчо Ајдински, а во името на деканот на Филозофскиот факултет од Скопје со поздравен говор кон присутните се обрати доц. д-р Оливера Рашиќ-Цаневска, по што следеше промовирање на Зборникот на трудови од страна на главниот и одговорен уредник проф. д-р Ристо Петров.
По свеченото отворање, конференцијата започна со девет пленарни предавања. На конференцијата беа презентирани триесет и една тема во пет сесии:
Воспитание и образование на лица со попреченост, Клинички стратегии и трендови во рехабилитацијата на лица со попреченост, Социоекономските аспекти на состојбата на лицата со попреченост, Актуелности во рехабилитацијата и едукацијата. Покрај излагањата по сесии, се реализираа и три работилници: Хиперактивни сонувачи в училиште во реализација на Марко Ферек од Р. Хрватска, Brain gym – Мајда Кончар од Словенија и Стратегија за работа со деца со аутизам на возраст од три до седум години – Јелена Паниќ од Р. Србија.
Плодна дискусија и заклучоци од присутните гости беа реализирани за време на двете тркалезни маси: Образование и професионален статус на дефектологот и логопедот во Р. Македонија и Образованието на ученици со попреченост – дефинирање на сопствен модел.
Конференцијата беше затворена со доделување на сертификати на сите учесници и евалуација на успешноста на конференцијата.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 Оливера Рашиќ-Цаневска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
