КОРЕЛАЦИЈА ПОМЕЃУ АГРЕСИВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ И СТРЕСОТ КАЈ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ОДНОС НА ТИПОТ НА ДОМУВАЊЕ

Автори

  • Даниела ТАМАШ Department of Special Rehabilitation and Education, University of Novi Sad, Faculty of Medicine
  • Ненад ГЛУМБИЌ Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Универзитет Белград
  • Шпела ГОЛУБОВИЌ Оддел за специјална рехабилитација и едукација, Универзитет Нови Сад, Медицински факултет

Клучни зборови:

интелектуална попреченост, агресија, стрес, поддржано домување

Апстракт

Вовед: Резултатите од неколку истражувања укажуваат на тоа дека агресијата кај лица со интелектуална попреченост (ИП) е значително поврзана со условите во околината, во домот и условите на живеењето. Целта на оваа студија е да се одредат нивоата и формите на агресивно однесување што може да се сретнат кај лица со интелектуална попреченост; исто така и да се проучат нивоата на стрес што се доживуваат како резултат на условите во домот, како и врската помеѓу агресивното однесување и стресните искуства што се сретнуваат кај лица со интелектуална попреченост кои живеат во различни типови на домување.
Метода: Вкупно 122 испитаници учествуваа во оваа студија, од кои 51 живеат во институции, 38 живеат со семејства, а 33 од нив учествуваат во програми за поддржани домувања. Беа применети следниве инструменти: Список на животни стресови, Скалата на непријателство и агресија за возрасни реактивно-проактивна (А-SHARP).
Резултати:
Резултатите откриваат дека постои поврзаност помеѓу типовите на домување и нивоата и формите на агресивно однесување и нивото на стрес што го доживуваат лицата со интелектуална попреченост. Агресивното однесување е најмалку застапено кај испитаниците кои живеат во програми за поддржано домување (вербална агресија: p=0.001; силеџиство: p=0.002; прикриена агресија: p=0.003; непријателски афект: p=0.002 и физичка агресија: p=0.001). Кај испитаниците што живеат во институции и во семејства не постои статистички значајна разлика во поглед на нивото на која било форма на агресивно однесување. Испитаниците од програмите за поддржано домување покажаа значително пониски нивоа на стрес во споредба со другите две подгрупи (p=0,000).
Заклучоци:
Постои статистичка значајна корелација помеѓу агресивното однесување кај лицата со интелектуална попреченост и доживеаниот стрес, во зависност од типот на домување на испитаниците.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2016-09-30

Како да се цитира

КОРЕЛАЦИЈА ПОМЕЃУ АГРЕСИВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ И СТРЕСОТ КАЈ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ОДНОС НА ТИПОТ НА ДОМУВАЊЕ. (2016). Дефектолошка теорија и практика, 17(3-4), 46-61. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5044

Слични трудови

1-10 од 21

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.