ПРАГМАТИЧНИТЕ СПОСОБНОСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ЛЕСНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Автори

  • Матеја ШИЛЦ Elementary school Gustava Shiliha, Maribor, Slovenia
  • Мајда ШМИДТ Педагошки факултет УМ, Марибор, Словенија
  • Стане КОШИР Педагошки факултет УЛ, Марибор, Словенија

Клучни зборови:

прагматични способности, лесна интелектуална попреченост, јазик, говор

Апстракт

Истражувањето ги анализира карактеристиките на прагматичните способности за раскажување приказни на учениците со лесна интелектуална попреченост (ЛИП), во однос на вокабуларните карактеристики, граматичката структура и суштинската структура на приказната, имајќи ги предвид нивната возраст и пол. Примерокот се состои од 60 ученици со ЛИП, на возраст од 7 до 9 години, кои посетуваат специјално училиште. Прагматичните способности на детето се оценуваат со Тестот на раскажување при-казна. Резултатите од истражувањето откриваат значаен напредок во вокабуларот на постарата група, каде што напредокот во граматичката и суштинската структура беше помалку значителен. При споредбата на достигнувањата на учениците со ЛИП според вокабуларот, граматичката и суштинската структура на приказната, не се утврдени разлики во полот. Споредбата на прагматичните способности на помлади и постари групи ученици со ЛИП со нормите за нивни врсници со типичен развој, покажува мала девијација на помладата група.
Резултатите од истражувањето ги откриваат карактеристиките на прагматичните способности на ученици со ЛИП и можат да им помогнат терапевти за говор, наставници, наставници во посебно образование и со-ветници при разгледувањето на профили-те на индивидуите кои се земени како ос-нова за дизајнирање програми за интер-венција.
Со имплементирањето на таквата програма го охрабруваме развојот на прагматичните способности на учениците, на тој начин влијаеме врз нивните академски достигнувања, комуникациска компетентност и социјални вештини.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2017-03-30

Како да се цитира

ПРАГМАТИЧНИТЕ СПОСОБНОСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ЛЕСНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ. (2017). Дефектолошка теорија и практика, 18(1-2), 55-73. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5035

Слични трудови

1-10 од 29

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)