МОДЕЛИРАЊЕ, РЕШАВАЊЕ И ПРИМЕНА НА МАТЕМАТИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
Математика, математички проблем, решавање на проблемотАпстракт
Способноста на решавање на проблемите е срцето на математиката.Математиката е "полезна# само во онаа мерка во која може да се примени во некои ситуации.Способност на математиката да се примени во различни ситуации е она што го нарекуваме "решавање на проблемот”.
(Кокрофт 1982)
Предавање Математика е една од најважните задачи во образованието и воспитувањето на децата со и без посебни потреби. Предавање и учење Математика се претходница во решавањето и примената на математичките проблеми. Математичкото учење треба да нагласи размена на идеи меѓу две или повеќе лица: учител и ученик, ученик и ученик, ученик и автор на учебникот (во отсуство) и употреба на заемни контролни механизми што овозможуваат проверка и демонстрација. Предавањето и учењето на Математиката претставува комплексен процес за кој учителите и учениците веруваат дека се единствено тесно поврзани. Секој ученик е поединец со својата единствена личност. Учениците стекнуваат знаења, умеења и ставови во различен момент, со различна брзина и на различен начин, главно, затоа што нивното ниво на готовност и начинот на реакции, се различни. Сите деца во одделението мора да ги користат своите различни искуства за создавање нови идеи.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2005 Јасмина Кариќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
