СТАВОВИ НА НАСТАВНИЦИТЕ СПОРЕД НУМЕРИЧКОТО ОЦЕНУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА ЗА ТЕЛЕСНО-ИНВАЛИДНИ УЧЕНИЦИ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
нумеричко оценување, ученици со телесна инвалидност, ставови, наставнициАпстракт
Оценувањето е најслабо решен проблем во наставната практика и долга години го привлекува вниманието на педагозите и кимолозите. Во педагошката литература може да се сретнат бројни критики упатени на нумеричкото оценување во редовните училишта. Овој проблем во училиштата за образование на ученици со телесна инвалидност не е доволно испитан. Ставот на наставниците за актуелниот систем на оценување во овие училишта може да биде показател на основниот проблем во овој систем и одличен покажувач на насоката по која треба да се движи реформата на целото специјално образование. Наставниците мислат дека актуелниот систем на оценување е неадекватен и дека поради хетерогеноста на учениците во едно одделение не е објективен, не е применлив, како и тоа дека програмските содржини не се соодветни на способностите на учениците за да може знаењето да се вреднува. Основната функција при оценувањето во училиштата за образование на ученици со телесна инвалидност треба да биде следењето на напредувањето во успехот на ученикот, што во суштина наставниците и го оценуваат. Интервалот при оценувањето треба да биде почест отколку што тоа е во сегашната практика. Простата и јасна дефиниција за целта во наставата би овозможила учениците и родителите да сфатат што се очекува од нив.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2005 Данијела Илиќ-Стошовиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
