ТРЕТМАН НА ПЕЛТЕЧЕЊЕТО КАЈ ДЕТЕ НА СРЕДНО НИВО НА ПЕЛТЕЧЕЊЕ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
пелтечење, третман на пелтечењето, модификација на пелтечењето, обликување на флуентностаАпстракт
Третманот на пелтечењето многу често бара комбинација на различни пристапи или модификација на истите. Главната цел на оваа студија беше да се претстави интегрираниот пристап на модифицираниот третман на пелтечењето и третманот за обликување на флуентноста за дете кое пелтечи, од машки пол, на средна училишна возраст (11 години).
Третманот на детето беше во траeње од 12 месеци, сесиите се спроведуваа двапати во текот на неделата, а секоја сесија траеше 45 минути. Детето сè уште е подложено на третманот. Третманот вклучува интеграција на модифициран третман на пелтечењето и третманот за обликување на флуентноста. Во насока на третманот за обликување на флуентноста, се аплицираше одложена програма за аудитивен фидбек. Во текот на модифицираниот третман на пелтечењето, детето е подучувано да пелтечи полесно што имплицира пролонгирање на сите гласови во зборовите на кои детето пелтечи, со лесна и мека транзиција од еден глас на друг. Со детето е континуирано работено на редуцирање на негативните чувства и ставови како и елиминација на избегнувањето на зборовите и говорните ситуации. На родителите им беше објаснета програмата за третманот и нивната улога во реализацијата на програмата. Исто така им ги објаснивме можните причини за пелтечењето, се обидовме да ги идентификуваме и да ги редуцираме дистракторите на флуентноста и да го вклучиме детето во колку што е можно повеќе ситуации кои ја подобруваат флуентноста на говорот.
По примената на оваа програма детето има подобрена флуентност во текот на конверзацијата во клинички и неклинички услови (средина). Оваа флуентност се состои од спонтана и контролирана флуентност. Понатаму, стравот од говорење и избегнување на говорните ситуации се значително намалени. Врз основа на аплицираниот третман на дете кое се наоѓа на средно ниво на пелтечење, може да се заклучи дека е возможно успешно да се интегрираат двата пристапа: модифициран третман на пелтечењето и третман за обликување на флуентноста.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Невзета Салиховиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
