ЗАЧЕСТЕНОСТ НА ПЕЛТЕЧЕЊЕТО КАЈ ДЕЦАТА НА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ СО DOWN-ОВ СИНДРОМ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
зачестеност на пелтечењето, Down синдром, тежина на пелтечењетоАпстракт
Главната цел на ова истражување е да ја испита појавата (зачестеноста) и тежината на пелтечењето помеѓу децата на училишна возраст со Down-ов синдром. Примерокот беше составен од 37 машки и женски деца на училишна возраст кои беа дијагностицирани со Down синдром. Ова истражување беше спроведено во следните установи: Институт за посебно образование и рехабилитација на деца со интелектуална попреченост „Mеденица“; Центар за образование, обука и вработување на деца со ментална ретардација, деца со аутизам и целебрална парализа „Владимир Назор“ во Сараево; Основно училиште за посебно образование „Зеница“; Основно училиште „Ковачиќи“ во Сараево; Здружение на обединетата граѓанска иницијатива ДУГА од Сараево и асоцијацијата „Биди мој пријател“ од Илијаш. Сите испитаници беа испитувани одделно. Резултатите покажаа дека 13,51 % од децата со Down синдром пелтечат, а крајниот резултат на сериозноста на пелтечењето покажа умерено пелтечење. Овие резултати покажуваат дека децата со Down синдром треба да бидат интензивно вклучени во терапијата за говор со цел да им се помогне да го совладаат пелтечењето, да ја подобрат секојдневната комуникација и да се подучат како да се справуваат со оваа говорна мана.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2012 Невзета Салиховиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
