СТЕПЕНОТ НА СУБЈЕКТИВНОТО ТРПЕНИЕ НА РЕАКЦИЈАТА ОД СОГОВОРНИКОТ – РЕДУКЦИЈА НА ГРУПНИОТ СТАЦИОНАРЕН ТРЕТМАН
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
пелтечење, групен стационарен третман, субјективен стрес, реакции на соговорнициАпстракт
Пелтечењето е нарушување што претставува мултидимензионален проблем и веројатно постои од постанакот на човечкиот род. Врз зачестеноста и тежината на пелтечењето имаат влијание различни фактори. Меѓу нив значајна улога имаат сложеноста на говорниот исказ, брзината на зборувањето и емоционалната реакција на говорникот врз комплетната говорна ситуација и на другите соговорници. Цел: прикажување на резултатите на двонеделниот интензивен групен стационарен третман на возрасно лице што пелтечи, тежината на пелтечењето и степенот на субјективното трпение на реакцијата од соговорникот на почетокот и крајот на третманот. Субјекти: група од 25 возрасни лица што пелтечат. Методологија: на почетокот и на крајот на стационарниот третман испитувана е говорната состојба што содржи: броење, набројување, повторување на реченицата, читање на басни од 100 збора, прераскажување на прочитан текст и говорење на слободна тема. Во исто време е испитуван степенот на субјективниот стрес од реакцијата на соговорникот. Резултат: Постигнат е позитивен резултат во редукцијата на дисфлуентноста во говорот, како и позитивен резултат во редукцијата на стресот од реакцијата на соговорникот. Во трудот се прикажани во детали резултатите и импликациите врз натамошното истражување и третман.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Јелена Тадиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
