КВАЛИТЕТОТ НА ОДНОСОТ МЕЃУ БРАЌАТА И СЕСТРИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА КОИ ИМААТ ДЕТЕ СО АУТИЗАМ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Магистерскиот труд е презентиран на 129 страници. Трудот ги содржи следниве делови: Вовед, Теоретски основи, Методологија на истражувањето, Анализа на резултати, Дискусија, Заклучоци, Предлози, Литература иПрилози.
Во Воведот се нагласува дека односот помеѓу братот и сестрата е една од основните меѓучовечки врски во животот на човекот. Доколку во семејството постои дете со аутизам, можат да се јават некои инпликации врз целокупното семејство и неговото функционирање, а воедно и врз односот помеѓу браќата и сестрите. Присуството на дете со аутизам ја менува традиционалната улога на братот или сетрата во семејствто. Негативните ефекти кои можат да се јават во квалитетот на односот меѓу браќата и сестрите, а се предизвикани од постоење на дете со аутизам во семејството се: зголемено ниво на конфликт, огорченост, одбивност, осаменост, вина, страв и намалена можност за конфликт со врсниците надвор од домот. Се разбира дека можат да се јават и позитивни ефекти врз односот помеѓу браќата и сестрите во овие семејства, а тоа се: зголемена толеранција за различноста на другите, благост кон другите, зголемено ниво на емпатија, зголемено чувство за одговорност и зрелост, чувство на среќа, добро ориентиран поглед на животот.
Основната цел на магистерската теза е да се истражи квалитетот на односот помеѓу браќата и сестрите во семејствата во кои има дете со аутизам. Да се направи споредба помеѓу братско-сестринскиот однос во семејствата во кои има дете со аутизам и квалитетот на односот помеѓу браќата и сестрите од контролната група. Притоа, правејќи споредба меѓу двете групи, да се утврди нивото и карактерот на очекуваните и перципираните карактеристики од страна на родителите во врска со квалитетот на односот помеѓу нивните деца.
Во Теоретските основи се образложува поимот и дефиницијата за аутизамот, при што се дава акцент на преваленцијата, причинителите, клиничките карактеристики и третманот. Значаен сегмент на теоретските основи се квалитетот на односот помеѓу браќата и сестрите во семејството, аутизмот и ефектот врз односот помеѓу браќата и сестрите, семејството и попреченоста, видувањата на родителите во врска со односот помеѓу нивните деца и социјалната поддршка.
Во истражувачкиот дел се претставени предметот на истражувањето, целта и карактерот, задачите, хипотезите и варијаблите на истражувањето, примерокот и временската рамка, методите, техниките и инструментите на истражувањето.Во истражувањето е опфатен примерок од 132 испитанициод кои 66 се членови на семејства во кои има дете со аутизам и 66 испитанициод контролната група,т.е. семејства во кои нема дете со аутизам. Податоците се прибрани со помош на трипрашалници, обработени со соодветна статистичка програма SPSS for Windows. За тестирање на хипотезите користени сеMann – Whitney U и Wilcoxon W за независни и колелирани податоци соодветно, при што за статистички значајна разлика беше сметана разликата на ниво на значајност од p<0.05.
Во делот кој се однесува на анализата и интерпретацијата на резултатите, врз основа на истражувањето кое беше спроведено, заклучивме дека во однос на позитивните карактеристикина квалитетот на односот помеѓу браќата и сестрите не постои статистичка значајна разликакај категоријата „емпатија“, „приврзаност“и „задржување на граници на приватноста“. Спротивно на таа категоријата, „сличност на интереси“е повисока кај браќата и сестрите од контролната група при (M=27,72,SD=7,68) за разлика од испитуваната група (M=19,15,SD= 4,48),(p < 0.01). Во однос на негативните карактеристикиво односот меѓу браќата и сестрите постои статистичка значајна разлика само кај нивото на „принуда“ кое е пониско во семејствата во кои има дете со аутизам при (M=10,10, SD=1,58) додека кај контролната група добивме (M=12,34,SD=2,28), (p < 0.01). Во нивото на „соперништво“и „непријателство“помеѓу контролната и испитуваната група не постојат разлики. Кај очекуваните и перципирани негативни карактеристики од страна на родителите во врска со односот помеѓу децата, постои статистичка значајна разлика во нивото на „перципираното соперништво“кое е пониско кајродителите од испитуваната групапри (M=5,55, SD=2,45) и (M=7,15, SD=2,12) кај контролната група, (p < 0.01). Не постои разлика во нивото на „очекувано соперништво“и „очекувана и перципирана нетрпеливост“од страна на родителите кај двете групи. Кај очекуваните и перципирани позитивникарактеристики од страна на родителите категоријата „перципирана блискост“ е повисока кај контролната група при(M=48,45, SD=5,93) додека кај испитуваната група добивме (M=42,56, SD=7,89),(p < 0.01). Исто така постои разлика и во „очекуваната блискост“која е повисока кај контролната група при (M=51,70, SD=5,50) и (M=46,33, SD=8,49) кај испитуваната група, (p < 0.01).
Со потврдување на хипотезите заклучивме дека постојат одредени разлики во квалитетот на односот помеѓу браќата и сестрите, зависно од тоа дали се работи за семејство во кое има дете со аутизам или семејство од условно кажано редовната популација, но тие разлики кои се појавуваат не мора нужно да се со негативна конотација. Во истражувањето констатиравме дека е неопходна широка акција за подигање на јавната свест во однос на аутизмот, што би придонело за намалување на стигмата што ја перципираат семејствата.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Милена Илиќ Пешиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
