ФОНОЛОШКИ ВЕШТИНИ КАЈ ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО ЧИТАЊЕТО
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
пречки во читањето, фонолошки вештини, фонетичка синтеза и анализаАпстракт
Главната цел на ова истражување беше да се испитаат фонолошките вештини кај децата со пречки во читањето на босански/ хрватски/српски јазик каде секоја фонема е претставена со графема која го следи фонолошкиот принцип. Примерокот е составен од 15 деца со пречки во читањето и 15 деца без пречки во читањето. „Дијагностички сет за оценување на говорот, јазикот, читањето и пишувањето кај децата“ е употребен за испитување на нивните фонолошките способности. Фонолошките вештини кај децата се многу важни при учењето да читаат и пишуваат. Резултатите од ова истражување покажаа дека децата со пречки во читањето даваат посиромашни резултати во сите задачи кои ги испитуваа фонолошките вештини споредено со децата без пречки во читањето. Резултатите од ова истражување се усогласуваат со резултатите од други истражувања спроведени во други јазици и укажуваат на важноста на споменатите вештини при учењето читање на босански/хрватски/српски јазик, како и значајноста на дефицитарните фонолошки способности за етиологијата на тешкотиите во читањето. Врз основа на спроведеното истражување, може да се заклучи дека фонолошките способности се многу значајни за стекнување на способноста на читање и пишување.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Мирела Дурановиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
