СЕНЗИТИВНА КОМУНИКАЦИЈА СО ДЕЦА СО УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ПРЕКУ ЕМОТИВНО-ЕКСПРЕСИВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА ICDP ПРОГРАМАТА

Автори

  • Нергис РАМО АКЃУН Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  • Ристо ПЕТРОВ Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

сензитивна комуникација, уме­­рена интелектуална попреченост, емо­тив­­но-експресивни принципи, ICDP програма

Апстракт

Во работата со учениците со посебни об­ра­зо­вни потреби с¡ повеќе се истакнува пот­ре­ба­та од сензитивност во комуникацијата со нив. Размената на емоции помеѓу детето и де­фектологот, како и начинот на кој де­фек­то­ло­гот одговара на истите се клучни за по­натамошниот развој на емоциите кај де­те­то. Токму затоа, целта на нашето ис­тра­жу­ва­ње беше да ја утврдиме потребата од при­ме­на на посензитивна комуникација во ра­бо­та­та со учениците со умерена интелектуална по­преченост, следејќи ги емотивно-екс­пре­сив­ните принципи на ICDP програмата. Со­глас­но со поставената цел, предмет на ова ис­тражување беше да добиеме сознанија за ни­вото на сензитивното комуницирање во на­шиот посебен образовен систем, преку са­мо­процена на дефектолозите, како и процена од страна на родителите и учениците со уме­ре­на интелектуална попреченост. При­ме­ро­кот беше составен од три групи: де­фек­то­ло­зи, родители и ученици со умерена ин­те­лек­туал­на попреченост. Секоја група беше сос­та­вена од дваесет испитаници, со вкупен број 60. Статистичката  обработка  на  по­да­то­ци­те  одистражувањето се изврши та­бе­лар­но, гра­фич­ки и со одредување на RxCегзактни табели на контингенција. Резултатите од ова ис­тра­жување покажаа силна статистички зна­чај­на разлика во одговорите на трите гру­пи ис­пи­таници.

Спо­ред тоа, нашиот главен заклучок ука­жу­ва дека учениците со умерена интелектуална по­­пре­ченост чувствуваат потреба од по-го­ле­ма сен­зитивност во комуникацијата и ин­те­рак­ци­јата со дефектолозите, во текот на ре­али­за­ци­јата на воспитно-образовните ак­тив­ности во нашиот посебен образовен сис­тем.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2011-09-30

Како да се цитира

СЕНЗИТИВНА КОМУНИКАЦИЈА СО ДЕЦА СО УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ПРЕКУ ЕМОТИВНО-ЕКСПРЕСИВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА ICDP ПРОГРАМАТА. (2011). Дефектолошка теорија и практика, 12(3-4), 25-32. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 83

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.