„ДРУГИОТ“ ВО СВЕТЛОТО НА ИНТЕГРАЦИЈАТА И ИНКЛУЗИЈАТА ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ЕДУКАТИВЕН СИСТЕМ И ВО ИЗРАЕЛСКОТО ОПШТЕСТВО: НАВИСТИНА „ЗНАЧАЕН ДРУГ“?
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
инклузија, интеграција, нормализација, посебни потреби, „различен друг“Апстракт
Оваа статија го проучува концептот на „другиот“, повеќе во смисла на „различниот“ отколку на „оној што не сум јас“, во светлото на интеграцијата и инклузијата во израелскиот едукативен систем и во израелското општество. За таа цел беа воведени два нови концепта: „различен друг“и „значаен различен друг“. Од анализата на литературата се покажа дека, според моделот за интеграција и идејата за нормализација, обраќањето со „другиот“ како човечко суштество, наместо со „лице со посебни потреби“, е минимизирано, додека основната идеологија на инклузијата се совпаѓа со холистичкиот и плуралистичкиот поглед што ја поддржуваат уникатноста на „различниот друг“ и го насочува кон живот што има значење. Анализата на примери од израелското општество покажува дека, и покрај напреднатата легислатива и свесноста за лицата со посебни потреби, моменталната ситуација не ги исполнува критериумите на инклузија. Реалноста во образованието покажува дека не постои реорганизација на системот, како клучен критериум за инклузија, иако веќе се спроведени принципите за рана идентификација, интервенција и следење. Општиот впечаток што произлегува од оваа статија е дека, и покрај стремежот за рамноправност и еднаквост во законодавството, треба да се вложат напори за убедување на јавноста дека „различен друг“ е, прво и основно, човечко суштество, па општеството е должно повеќе да го доживува како „значаен различен друг“ отколку како „различен друг“.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Цафи Тимор

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
