РАСТРОЈСТВА ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИТЕ СО ЛЕСНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
нарушувања во однесувањето, адолесценција, интелектуална попреченостАпстракт
Адолесцентите со интелектуална попреченост поради дефицитот во своето интелектуално функционирање се изложени на поголем ризик од појава на разни облици на растројства во однесувањето.
Цел: да се утврди ризикот од појава на растројства во однесувањето кај адолесцентите со лесна интелектуална попреченост.
Примерок: адолесценти (211) со лесна интелектуална попреченост, воспитно-образовниот кадар во посебните средни училишта (39) и членови на стручниот тим (5).
Методи: дескриптивен метод, метод на компаративна анализа.
Постапки: анкетирање и полуструктуирано интервју со воспитно-образовниот кадар и стручниот тим.
Статистичка обработка на податоците: Windows-програмот R x C за анализа на табели на контингенција и тестот Fisher Exact, а како сигнификантни беа земени разликите на ниво на значајност од p<0.05.
Резултати: Со статистичка обработка на податоците констатиравме дека училишниот успех влијае на појавата на несакано однесување (p<0.001).
Заклучок: Констатиравме дека кај учениците се јавуваат различни форми на растројства во однесувањето за чии последици истите не се доволно информирани и многу ретко самоиницијативно започнуваат разговор за проблемот. Растројствата во однесувањето кај оваа категорија на ученици е мултифакторски условено, и тоа од видот на згрижување, временскиот престој во ученичкиот дом, училишните постигнувања, возраста и полот.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Зоран Киткањ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
