ПРОГРАМА ЗА НАСОЧЕНО ЧИТАЊЕ ЗА ЗАТВОРЕНИЦИ: ПРИСТАП НАСОЧЕН КОН РЕЗУЛТАТОТ

Автори

  • Жељка БАГАРИЌ Ministry of the Interior, General Police Directorate
  • Љиљана МИКШАЈ-ТОДОРОВИЌ Универзитет во Загреб, Факултет за дефектологија, Катедра за криминалистика
  • Ксенија БУТОРАЦ Министерство за внатрешни работи, Факултет за полиција

Клучни зборови:

програма, читање, луѓе, затвор, вербален недостаток

Апстракт

Како дел од подетална пилот-студија – оваа студија се занимава со верификација на Програмата за насочено читање спроведена во хрватските затвори, во периодот од 1 јуни до 1 септември 2012 година. Субјекти беа возрасни машки затвореници кои одлежуваа долгогодишна казна во затвор со средна безбедност. Беа споредени резултати за степенот на вербални и комуникативни вештини, нејасно сфаќање и подобрување на навиките за читање на две групи затвореници, на почетокот и на крајот од мерните точки во програмата. Првата група учествуваше во активности од програмата (П-група, Б=8) за разлика од втората група која не учествуваше во истите активности од програмата (НП- група, Б=8), но, и тие се согласија да ја пополнат скалата. Сите затвореници учествуваа доброволно. Критериумот за избор на затвореници во двете групи беше: завршено четиригодишно средно образование, зачувано когнитивно функционирање и внатрешна мотивација.

Податоците беа анализирани според следниве непараметриски тестови: Mann-Whitney тест, Хи квадрат тест и програмите COCHCOX и METDIF1.

Групата П покажа подобри резултати од групата НП на почетното и на крајното мерење (p<r;0,05 на 5 варијабли), што значи дека нивните искази биле значително попозитивни и поздрави.

Како заклучок може да се каже дека програмата е корисна за личен развој на луѓето и има позитивно влијание на нивната рехабилитација.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-03-31

Како да се цитира

ПРОГРАМА ЗА НАСОЧЕНО ЧИТАЊЕ ЗА ЗАТВОРЕНИЦИ: ПРИСТАП НАСОЧЕН КОН РЕЗУЛТАТОТ. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(1-2), 85-104. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5081

Слични трудови

1-10 од 21

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.