ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА СОВРЕМЕНИ ТРЕНДОВИ НА ДЕФЕКТОЛОШКАТА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА

Автори

  • Оливера Рашиќ-Цаневска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Апстракт

Во периодот од 16 до 18 јуни 2016 годна во Охрид, Сојузот на дефектолози на Р. Македонија во соработка со Филозофскиот факултет од Скопје и Институтот за дефектологија одржа меѓународна конференција на тема Современи трендови на дефектолошката теорија и практика. Покрај домашните учесници на конференцијата, имаше и голем број гости од повеќе различни земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Велика Британија како и претставници од Министерството за образование и наука, Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Претставништвото на Европската Унија во Македонија.
Настанот беше отворен од почесниот претседател на Сојузот на дефектолози, проф. д-р Љупчо Ајдински, а во името на деканот на Филозофскиот факултет од Скопје со поздравен говор кон присутните се обрати доц. д-р Оливера Рашиќ-Цаневска, по што следеше промовирање на Зборникот на трудови од страна на главниот и одговорен уредник проф. д-р Ристо Петров.
По свеченото отворање, конференцијата започна со девет пленарни предавања. На конференцијата беа презентирани триесет и една тема во пет сесии:
Воспитание и образование на лица со попреченост, Клинички стратегии и трендови во рехабилитацијата на лица со попреченост, Социоекономските аспекти на состојбата на лицата со попреченост, Актуелности во рехабилитацијата и едукацијата. Покрај излагањата по сесии, се реализираа и три работилници: Хиперактивни сонувачи в училиште во реализација на Марко Ферек од Р. Хрватска, Brain gym – Мајда Кончар од Словенија и Стратегија за работа со деца со аутизам на возраст од три до седум години – Јелена Паниќ од Р. Србија.
Плодна дискусија и заклучоци од присутните гости беа реализирани за време на двете тркалезни маси: Образование и професионален статус на дефектологот и логопедот во Р. Македонија и Образованието на ученици со попреченост – дефинирање на сопствен модел.
Конференцијата беше затворена со доделување на сертификати на сите учесници и евалуација на успешноста на конференцијата.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2016-09-30

Како да се цитира

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА СОВРЕМЕНИ ТРЕНДОВИ НА ДЕФЕКТОЛОШКАТА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА. (2016). Дефектолошка теорија и практика, 17(3-4), 144-145. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5052