ЗАВИСНОСТА МЕЃУ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ, МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРАВЕЊЕ ИЗБОР И ОЧЕКУВАЊАТА ЗА ИДНИНАТА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
Клучни зборови:
возрасни лица со интелектуална попреченост, квалитет на животот, можности за правење избор, очекувања за иднината, самопроцена, процена од други лицаАпстракт
Вовед: Квалитетот на животот на поединците во голема мера зависи од способноста да имаат контрола врз секојдневниот живот, реализиран преку слободата да изберат од достапните опции и самоопределувањето.
Цел: Целта на истражувањето беше утврдување на зависноста помеѓу можностите за правење избор, односно очекувањата за иднината и квалитетот на животот кај возрасните интелектуално попречени лица преку самопроцена и процена од други лица.
Методи: Беше применет дескриптивниот, методот на корелација и методот на компаративна анализа. Од техниките - анализа на документација, интервјуирање со Прашалникот за квалитетот на животот од Schalock и Keith и Прашалникот за очекувањата за иднината од Speck и скалирање со Скалата за процена на можностите за правење сопствен избор од Kishi и сор.
Примерокот се состоеше од 130 возрасни интелектуално попречени лица и 130 други проценители. За утврдување на поврзаноста меѓу испитуваните појави беше користен Пирсоновиот коефициент за корелација (r) при p<0,01. Резултати: Постои силна корелација помеѓу резултатите од прашалниците за квалитетот на животот и за можностите за правење избор во двата случаи на проценување, според самопроцената r(130) = 0.497, p<0.01, според процената од други r(130) = 0.482, p<0.01. Постои корелација помеѓу резултатите од прашалниците за квалитетот на животот и очекувањата за иднината, меѓутоа не многу силна, според самопроцената r(130) = 0.233, p = 0.008<0.01, според други проценители r(130) = 0.305, p<0.01.
Заклучок: Постои зависност помеѓу можностите за правење избор, односно очекувањата за иднината и квалитетот на животот кај возрасните лица со интелектуална попреченост. За да се подобри квалитетот на животот кај овие индивидуи, потребно е да се дизајнираат програми преку кои би се развиле самоконцептот, способностите за самоодлучување и правење независни избори.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 Весна Костиќ-Ивановиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
