РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ: СТРЕС И ПОДДРШКА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
родителите на децата со пречки во развојот, стрес, помош и поддршкаАпстракт
Во моментот кога дознаваат дека нивното дете е со пречки во развојот, реакциите на родителите се исклучително индивидуални. На многу родители им се потребни месеци, а на некои и години за да се соочат со фактот дека нивното дете има пречки во развоjот. Оваа настаната состојба и криза тешко може да се спречи, но со добра професионална помош и поддршка може полесно да се надмине. Целта на ова истражување е да се испита нивото на стрес што го доживуваат родителите на децата со пречки во развојот, на поддршката што ја добиваат од семејството и локалната заедница. Анкетирани се 31 родител на деца со интелектуална попреченост, церебрална парализа и оштетен вид. Прашалникот се однесуваше на начинот на комуникација на професионалците со родителите, степенот на стрес што го доживеале поради пречките на нивното дете и поддршката од потесното, поширокото семејство, пријателите и локалната заедница. За родителите најстресно е сознанието дека нивното дете има пречки во развојот. Најголема поддршка имаат од нивните партнери и родители.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Наташа Чичевска Јованова

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
