НЕВРОПЛАСТИЧНОСТ: СТРУКТУРНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ПРОМЕНИ ВО МОЗОКОТ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА И ПОСТПАРТАЛНИОТ ПЕРИОД
DOI:
https://doi.org/10.37510/Keywords:
мајчински мозок, невропластичност, бременост, постпартален периодAbstract
Терминот „мајчински мозок“ често се поврзува со когнитивно опаѓање, но современите невронаучни истражувања укажуваат на спротивното: мајчинството претставува период на интензивна невропластичност и когнитивна реорганизација. Овој труд ги разгледува структурните и функционалните промени во мозокот за време на бременоста и постпарталниот период, со акцент на региони вклучени во социјална когниција, емоционална регулација и мотивација за грижа. Намалувањата во сивата маса што се јавуваат во текот на бременоста и постпартално се интерпретираат како белег на невронска специјализација и функционално усовршување на мозочната кора. Постпартално се бележи функционално засилување на мозочните мрежи, што се поврзува со подобрување на социјалната когниција и зголемена респонзивност кон новороденчето. Трудот предлага пренасочување на јавниот и научниот дискурс од наратив на дефицит кон еволуциска перспектива и валоризација на невропластичноста.
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2025 Даниела Неделкова

This work is licensed under a Creative Commons Attribution 4.0 International License.