ПОЛИТИЧКИТЕ СТАВОВИ НА МИЛАН ГРОЛ И ДЕМОКРАТИТЕ КОН МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО ПЕРИОДОТ 1940 – 1945 ГОДИНА
DOI:
https://doi.org/10.37510/Keywords:
Милан Грол, Љубомир Давидовиќ, Демократска партија, Кралство Југославија, Македонија, Авнојска ЈугославијаAbstract
Во текстот се анализираат политичките ставови и погледите на Милан Грол како претседател на Демократската партија во периодот од 1940 година кога тој го презема водството на партијата, до 1945 кога поднесува оставка во Владата на ДФ Југославија и се повлекува од политичкит живот. Се проследуваат и иницијативите и размислувањата на Грол како министер во емигрантските влади во Лондон, како и на повеќе негови политички истомисленици, но и противници, за повоеното уредување на Југославија, за позициите на Србија, како и за статусот на Македонија во рамките на идната српска територијална единица. Од записите во дневникот воден во Лондон во периодот 1941 – 1945 година јасно се гледа неговиот став дека Македонија би можела да има само одреден самоуправен статус во рамките на Србија. Ваквата политичка определба Грол ја застапувал во континуитет од триесеттите години на XX век, сè до крајот на неговото активно политичко делување во 1945 година.
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2025 Борче Илиевски

This work is licensed under a Creative Commons Attribution 4.0 International License.